Цени на житарките во регионот и на светските берзи
Големата извозна побарувачка на крајот на минатата и во почетокот на оваа година поттикна да се зголеми цената на пченицата. Како одминуваше времето, така растот на цената се стабилизираше, најмногу поради големите светски залихи.
Предвидувањето за вкупното производство на житарки за сезоната 2013/14 порасна за 18 милиони тони и сега изнесува 1,964 милијарди тони. Ако ова предвидување се реализира тоа ќе значи пораст од 10 % во однос на производството минатата сезона. Овде е вклучен и очекуваниот пораст на производство на пченица од 8% и пченка од 11%.
Глобално, производството на пченица во сезоната 2013 /14 се очекува да биде помало за 1% и покрај зголемувањето на засеаните површини од 2 %.
Сево ова се должи на очекуваното намалување на приносот за 2014 година, посебно ако се има предвид невообичаено големиот принос во минатата година.
*Цените се изразени во денари за килограм
Берза |
Период |
Пченица |
Пченка |
Србија (Нови Сад) |
10-14 февруари 2014 |
без ДДВ 10.73 |
8.24 |
Париз (EURONEXT) |
( futures ) март 2014 |
12.274 |
10.686 |
Чикаго - CME |
20 февруари 2014 |
10.225 |
8.01 |
Минеаполис-MGEX |
20 февруари 2014 |
hard red winter 11.03 |
7.63 |
Канзас - KCBT |
20 февруари 2014 |
hard red winter 11.41 |
/ |
Будимпешта - BSE |
19 февруари 2014 |
10.866 |
9.599 |
Франфурт |
13 февруари 2014 |
од 11.16 до 11.47 |
од11.53 до 11.84 |
Хрватска |
февруари 2014 |
11.28 |
8.64 |
Хамбург |
11 февруари 2014 |
12.27 |
11.53 |
Велика Британија (LIFFE) |
(futures) март 2014 |
11.437 |
/ |
Хановер |
04 февруари 2014 |
од 11.72 до 11.9 |
/ |
Болоња |
13 февруари 2014 |
од 12.64 до 12.95 |
од 11.35 до11.59 |
Линкови од светските берзи
http://www.proberza.co.rs - - Novi Sad
http://www.bse.hu - Budapest Stock Exchange (BSE)
http://www.cbot.com - Chicago Board of Trade (CBOT)
http://www.cme.com - Chicago Mercantile Exchange (CME)
http://www.matif.fr - Marche a Terme International de France (MATIF)
http://www.agerborsamerci.it/listino/listino.html - Bolognа, Italija