Цена на житарки во oктомври
Во првата недела од Oктомври на берзата во Нови Сад забележан е зголемен промет на житарките што е карактеристично за овој период од годината. Најтргуван производ е пченката од реколтата 2014 година, која споредено со минатите недели бележи пад од скоро 12 % од 7,6 ден/кг. на 6,7 ден/кг без ДДВ. Цената на пченицата достигна 9,5 ден/кг. без ДДВ.
На европските и светските берзи вредноста на пченката иако е под влијание на рекордната жетва, цената на истата има тенденција на благо зголемување.
Во табелата 1. се дадени споредбени цени на пченицата од берзите:
* цените се изразени во денари за килограм
Берза |
Период |
Пченица |
Пченка |
Србија (Нови Сад) |
8-Октомври 2014 |
9.5 |
6.7 |
Париз (EURONEXT) |
futures ноември 2014 |
9.85 |
8.65 |
Чикаго - CME |
futures декември |
9.1 |
6.6 |
Минеаполис-MGEX |
futures декември |
9.7 |
5.8 |
Канзас - KCBT |
futures ноември 2014 |
10.4 |
/ |
Будимпешта - BSE |
futures ноември 2014 |
9.94 |
7.24 |
Франфурт |
2-октомври |
8.9 до 9.3 |
8.1 до 8.27 |
Хрватска |
1-октомври |
10.1 |
8.45 |
Хамбург |
30 септември |
10.25 |
/ |
Велика Британија (LIFFE) |
futures ноември 2014 |
8.84 |
/ |
Македонија |
Септември |
10.79 |
/ |
*Изработи:ЗПИС