Пад на цените на јаткасто овошје
Карактеристично за оваа недела на зелените пазари е драстичниот пад на цената на лешникот кој минатата недела достигна малопродажна цена од 1200 ден/кг, додека оваа недела тој се продава од 700 до 1000 ден/кг или во просек по 900 ден/кг што е за 25% пониско споредбено со изминатата недела. Кај бадемот бележиме цена во просек по 770 ден/кг додека оревот се нуди од 600 до 800 ден/кг или во просек по 750 ден/кг. На пазарот на големо (кванташкиот пазар) во Скопје, оревот се продаваше по 550 ден/кг, бадемот од 700 до 750 ден/кг а лешникот од 650 до 700 ден/кг. Предвидувањата се дека цената на јаткастото овошје и натаму ќе се намалува.
Важно е да се напомене дека зелените пазари изобилуваат со богата понуда на јаболка кај кои бербата е во пол ек. Цените на одредени сорти на јаболка се прикажани во табелата.
Во табелата 1, споредбено се прикажани - просечните најзастапени цени од пазарите на мало во Македонија и регионот за периодот од 26 септември до 02 октомври 2015 година
Табела 1
Вид на овошје |
Македонија |
Србија |
Хрватска |
Ц. Гора |
Орев |
750 |
665 |
/ |
714,5 |
Орев во лушпа |
170 |
/ |
/ |
154 |
Лешник |
900 |
820 |
/ |
1036 |
Бадем |
770 |
/ |
/ |
925,4 |
Ајдаред |
30 |
31 |
59 |
61,9 |
Црвен Делишес |
33,4 |
41 |
53,5 |
55,5 |
Грени Смит |
35 |
38,5 |
68 |
63 |
Златен Делишес |
32,5 |
36 |
63 |
60 |
Јонаголд |
27,5 |
36 |
58,5 |
49,4 |
*цените се изразени во денари за килограм
Димовски Горан-Советник за ЗПИС
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство