Споредбени откупни цени на млеко ноември 2012/2015
Откупните цени на сурово кравјо млеко од екстра класа во месец ноември 2012 година во просек изнесуваа 19,5 ден/лит, додека оваа година таа ја достигна вредноста од 20 ден/лит што е пораст од +2,6 %.
Пад на откупната цена бележи кравјото млекото од втора класа. Ако во 2012 година цената беше 18,6 ден/лит, оваа година се откупуваше по 17 ден/лит што претставува пад на цената за 8,6 %.
Просечната откупна цена на овчкото млеко во ноември 2015 год. достигна 33 ден/лит и е повисока за 10 % во однос на 2012 год, кога цена на овчкото млеко изнесуваше 30 ден/лит.
Зголемување на откупната цена од 5,3% има кај козјото млеко, кое во изминатиот месец се откупуваше во просек по 20 ден/лит, додека во 2012 година цената изнесуваше 19 ден/лит.
*Во табелата прикажан е споредбен приказ на движењето на просечните откупни цени на млеко во ноември 2012 - 2015 година, како и стапката на пораст и опаѓање на цените .
Табела 1.
Сурово млеко |
Откупна цена ное. 2012 |
Откупна цена ное. 2013 |
Откупна цена ное. 2014 |
Откупна цена ное. 2015 |
% 2015/2012 |
Кравјо екстра класа |
19.5 |
22 |
21 |
20 |
+2,6% |
Кравјо I класа |
19.13 |
19.3 |
19.29 |
19.04 |
-0,5% |
Кравјо II класа |
18.6 |
18 |
17 |
17 |
-8,6% |
Козјо млеко |
19 |
17 |
18 |
20 |
+5,3% |
Овчко млеко |
30 |
30.67 |
31 |
33 |
10% |
*цените се изразени во ден./л
Сурово кравјо млеко |
Откупна цена ноември 2015 |
Просечна откупна цена на кравјомлеко-ноември 2015 |
Кравјо екстра класа |
20 |
18.68 |
Кравјо I класа |
19.04 |
|
Кравјо II класа |
17 |
*цените се изразени во ден./л
Цена на сурово кравјо млеко во ЕУ и Македонија
*Во табелата2 прикажана е просечната откупна цена на млеко во месец ноември 2015 година во ЕУ
Табела 2.
Држава |
Цена во евра /100кг |
Цена во ден /кг |
Белгија |
27.6 |
17.03 |
Македонија |
30.28 |
18.68 |
Бугарија |
28.78 |
17.75 |
Чешка |
26.29 |
16.22 |
Данска |
30.59 |
18.87 |
Германија |
29.5 |
18.2 |
Р.Ирска |
29.13 |
17.97 |
Грција |
42 |
25.91 |
Шпанија |
30 |
18.51 |
Франција |
31.1 |
19.19 |
Хрватска |
31.8 |
19.62 |
Италија |
33.99 |
20.97 |
Летонија |
21.59 |
13.32 |
Литванија |
22.8 |
14.07 |
Луксембург |
31.71 |
19.56 |
Унгарија |
24.9 |
15.36 |
Малта |
49.34 |
30.44 |
Холандија |
29.75 |
18.35 |
Австрија |
34.4 |
21.22 |
Полска |
27.65 |
17.06 |
Португалија |
28.65 |
17.67 |
Романија |
26.32 |
16.24 |
Словенија |
27.45 |
16.93 |
Словачка |
27.15 |
16.75 |
Финска |
38.3 |
23.63 |
Шведска |
32.8 |
20.23 |
Велика Британија |
33.83 |
20.87 |
ЕУ-15 |
31.09 |
19.18 |
Пондериран просек во ЕУ |
30.49 |
18.81 |
*Проценки- DG AGRI-C3
*"Проценка" цени од страна на MS (показател за движењето на цените, предвидени цени)