Резултати од откупот на суров тутун реколта 2015 година
Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупот на суров тутун од производна реколта 2015 година е завршен. Откупени се вкупно 18.910,31 тони суров тутун од страна на 10 регистрирани откупувачи, со просечна откупна цена од 184,5 ден./кг, која е за 57,4 % повисока во споредба со реколта 2014 година, кога просечната откупна цена изнесуваше 117,2 ден./кг. Од вкупно откупените 18.910,31тони на суров тутун, 88,22 % или 16.683,8 тони се од типот ,,Прилеп” - со постигната просечна откупна цена од 184,56 ден./кг, од типот ,,Јака’’ откупени се 2.149,93 тони или 11,37 % со просечна откупна цена од 183,77 ден./кг, додека 76,58 тони или 0,41 % се откупени од тип ,,Басмак” чија просечна откупна цена достигна 190,51 ден /кг.
Табела 1. Откуп на суров тутун по типови
Тип на тутун |
Реализиран откуп (тони) 2015 год |
Просечна откупна цена (ден/кг) 2014 година |
Просечна откупна цена (ден/кг) 2015 година |
Тренд на пораст 2014 / 2015 |
Јака |
2.149,93 |
100,88 |
183,77 |
+ 82.2% |
Прилеп |
16.683,8 |
119,65 |
184,56 |
+54.2% |
Басмак |
76,58 |
183,79 |
190,51 |
+3.7% |
Вкупно |
18.910,31 |
117,2 |
184,5 |
+57.4% |
*Извор: МЗШВ,ЗПИС