Пад на цената на пченицата на светските берзи
Во изминатиот период на берзите во ЕУ имаше колебање на цените на пченицата како резултат на што во единаесетата недела од 2012 година се забележа благ пад. Според берзанските гласила падот на цената на пченицата најмногу се должи на одлуката на Русија да не го ограничува повеќе извозот на житарки. Пад на цената за околу 3 проценти се бележи и на берзата во Нови Сад.
Во истиот берзански период (futures) цената на пченката (испорака со одложена достава) бележи благ пад. Во изминатиот месец просечната цена на пченка во земјите на ЕУ изнесуваше 11,6 денари за килограм.
Во табелата се дадени цените за пченица и пченка на светските берзи и во регионот.
Берза | Период | Пченица | Пченка |
Нови Сад | 16 март | 13,01 - 13,2 ден / кг | 11,11 - 11,17 ден / кг |
Чикаго | (futures) мај | 10,93 ден / кг | 11,757 ден / кг |
Будимпешта | (futures) мај | 11,377 ден / кг | 10,93 ден / кг |
Париз-Euronext | (futures) мај | 13,01 ден / кг | 13,131 ден / кг |
Франција - MATIF | (futures) мај | 12,788 ден / кг | / |
Британија - LIFFE | 21 март | 12,62ден / кг | / |
Хрватска | 15 март | 12,028 ден / кг | 10,48 ден / кг |