Денови на медот
There are no translations available.
Од 26 до 28 септември на Улица Македонија ќе се одржи деветтата по ред манифестација “Денови на македонскиот мед” на која посетителите можат да дегустираат и купат мед, кој годинава се продава по цени почнувајќи од 280 денари по тегла, додека медот во саќе се нуди по цена од 350 ден./кгр. Цената за килограм полен изнесува 1500 денари, восокот се продава за 500 ден/кгр., прополисот за 2500 ден/кгр. а еден грам матичен млеч чини 150 денари и истите претставуваат богата ризница на лековити и хранливи состојки.
Радува податокот дека денеска во Република Македонија има преку 100. 000 пчелни семејства, додека во 2006 година бројот на пчелни семејства изнесуваше 57. 000.