Земјоделски
Пазарен
Информативен
Систем

Цени

МакедонскиEnglish
  • Цени на жив добиток и месо
  • Цени на овошје и зеленчук
  • Цени на добиточна храна и житарки
  • Цени на тутун и маслодајни култури
  • Цени на сорти грозје и вино
  • Цени на млеко и млечни производи и јајца
  • Цени на земјоделски внесови
  • Цени на шеќер и мед

Производство, извоз и движење на цените на јаболки во Р. Македонија, регионот и во светски рамки

jabolki otkupОвоштарството е застапено на околу 15.000 ха или зафаќа 2,7 % од вкупната обработлива површина во Република Македонија.

Производството на јаболки е главна гранка на овоштарскиот сектор благодарение на поволните агроклиматски и педолошки карактеристики, традицијата, како и зголемената побарувачка од страна на пазарите на свежо овошје и преработувачката индустрија.

Во последните 4 години имаме тренд на зголемување на производството на јаболки од околу 20 %, во кој најголем удел има ресенско - охридскиот регион каде се произведува околу 103.000 тони на јаболки или околу 67 % од вкупното произведено јаболко во РМ во 2012 година.Во 2012 година произведени се 128.159 т. на јаболки или 2,9 % повеќе во споредба со 2011 година. Во истиот период бројот на родни дрвца е зголемен за околку 2,1 %. 

Во Ресенскиот регион се очекува производство на јаболки од околу 102.000 тони во реколта 2013, што споредбено со 2012 година е зголемување од околу 18%.Очекувано производство на јаболки во ресенскиот регион за 2013 година по сорти: oд сортата ајдаред  се очекува  производство од 64.000 тони или околу 60% од вкупното производство на јаболки; златен делишес со околу 16.000 тони  или околу 16%, додека мутцу, црвен делишес, јонаголд, фуџи, галагрени смит и рубистар се очекува да дадат род од околу 26.200 тони или 25 % од вкупното производство на јаболки во ресенскиот регион. Според последните податоци во ресенскиот регион откупот на јаболките од сортите на златен делишес, јонаголд, муцу и чадел е во полн ек и откупната  цена изнесува од 18-20 ден/кг, додека црвениот делишес се откупува од 20-22 ден/кг. Квалитетот на јаболките е подобар од минатогодишната реколта. Извозот на јаболки во 2012 година изнесувал околу 82.000 тони, а најголем извоз е остварен во Србија 25.107 тони или околу 43 % од вкупниот извоз со просечна извозна цена од 13,2 ден/кг. Други земји увознички на македонското јаболко се Белорусија со околу 10.000 тони или 12% од вкупниот извоз, Косово со 9.219 тони или 11,3 %, Ирак со околу 9.000 тони или 11% и БиХ со околу 6.700 тони или 8,2 % од вкупниот извоз. Според статистичките податоци, домашната потрошувачка на јаболка по жител изнесува 12 кг. или вкупната домашна потрошувачка на јаболки се проценува на околу 24.748 тони или околу 20% од домашното производство, додека за индустриска преработка се откупуваат околу 21.500 тони. Во светот најголем светски производител на јаболки а воедно и  извозник е Кина со годишно приоизводство од околу 36 милиони тони, следува САД со 4,2 милиони тони, Индија 3 милиони тони, Турција со 2,7 милиони тони,  Полска и Италија. Најголем производител на јаболки во Eвропа е Турција, следува  Полска со 2,5 милиони тони,  Италија со околу 2,4 милиони тони, Франција со  1,9 милиони тони и Русија со 1,2 милиони тони. Со производство од околу 124.552 тони во 2011 година,  Република Македонија е на 24 место во Европа. Во регионот поголеми производители на јаболки се Србија со околу 265.000 тони и Грција со околу 255.000 тони,  Хрватска 113.000 тони, Словенија 105.000 тони, БиХ 75.000 тони, Албанија 56.000 тони и Бугарија со производство од околу 40.000 тони.

 Според статистичките податоци на FAO во  2011 година Русија била најголем увозник на јаболки со количина од околу 1,15 милиони, додека истовремено се јавува и како голем производител на јаболки со околу  1,2 милиони тони. Доколку се анализира извозот на јаболки по земји според податоците на FAO од 2011 година, најголем извозник е Кина со  околу 1 милион тони на јаболко, потоа Италија со околу 976.000 тони, САД 840.000 тони, следуваат Франција со околу 730.000 тони и Полска со околу 530.000 тони. 

Во табелата во прилог дадени се просечните најзастапени цени на јаболка на пазарите на големо и мало за втората половина од септември во Република Македонија и регионот.

tab-jabolko

 

 

 

 

 

 

 

 

*Цените се изразени во денари за килограм

Линкови
mzsv
Ипард
STIPS
AMISCG
TISUP
CBOT
AEX
usda
cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats indoor soccer shoes adidas mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats adidas trainers hogan outlet online shop hjc modular helmet icon motorcycle boots adidas shoes sale air jordan basketball shoes red bottom shoes christian louboutin gaerne cycling shoes hjc motorcycle helmets hogan outlet icon motorcycle jacket macna cooling vest moncler jacket sale moose racing pants nike shoes online nolan motorcycle helmets