Земјоделски
Пазарен
Информативен
Систем

Цени

МакедонскиEnglish
  • Цени на жив добиток и месо
  • Цени на овошје и зеленчук
  • Цени на добиточна храна и житарки
  • Цени на тутун и маслодајни култури
  • Цени на сорти грозје и вино
  • Цени на млеко и млечни производи и јајца
  • Цени на земјоделски внесови
  • Цени на шеќер и мед

Производство и цени на ориз

 oriz 2Оризот во Република Македонија е со долга традиција на одгледување и  учествува со околу 3% во вкупните површини под житни култури. Производството на ориз во периодот од 2008 - 2012 година бележи константен пораст и на површините и количините. Површините бележат зголемување од околу 80 %, а количините на произведен ориз за околу 50%.Околу 84% од вкупното производство на ориз во земјата се одвива во кочанскиот производен регион по течението на реките Брегалница, Злетовска река, Оризарска река и Блатечка река.

Во 2013 година под ориз засеани се околу 3.900 ха.

Просечниот принос по ха се очекува да изнесува околу 6 т/ха што претставува зголемување за  околу 15 % споредбено со 2012 година,додека рандманот се очекува да се движи околу 55% .

Учеството на оризот во вкупниот извоз бележи пораст од четири пати во анализираниот период (2007-2012), додека вредноста на извезениот ориз од 1,2 милиони евра во 2007  е зголемена на 5,6 милиони евра во 2012 година.

Најголемо учество во извозот има Србија со околу 5,2 милиони кгр. или скоро половина од вкупниот извоз, или заедно со Косово сочинуваат околу 90% од вкупниот извоз на ориз во 2012 година.

Движење на цените на оризот во Република Македонија

Цената на белиот ориз на пазарите на големо во Република Македонија во првата половина на месец октомври 2013 во споредба со истиот период лани се зголеми во просек за околу 8,5%. Лани белот ориз се продаваше за  55 ден/кгр додека оваа година се продава за 60,00 ден/кгр.

Малопродажни цени  во  првата половина од месецот се движат од 59 ден/кгр до 80 ден/кгр. Просечната најзастапена цена на пазарите на мало изнесува 72,66 ден/кгр.

Откупната цена на килограм оризова арпа во моментов се движи од 21 до 26 ден/кгр, зависно од квалитетот на истата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА),  подготви  Проект за развој на производството и квалитетот на оризот во период од 2 години, односно  2013-2014 година.

Со овој Проект се планира развој на нови високопродуктивни сорти ориз со цел подобрување на квалитетот и квантитетот на оризот во Македонија, зголемување на приходот на оризопроизводителите и подобрување на пласманот и маркетингот.

 Во проектот се вклучени Земјоделскиот Институт-Скопје, станица за истражување во Кочани и  оризопроизводители од Кочанскиот и Виничкиот производен регион. 

На демонстративни опитни полиња во Институтот за ориз од Кочани засеани се околу 15 турски сорти ориз, а кај 20 индивидуални оризопроизводители на површина од околу 20 хектари се засеани 4 турски сорти ориз од кои се очекуваат подобри приноси и рандман во однос на традиционалните сорти кочаниски ориз.

Линкови
mzsv
Ипард
STIPS
AMISCG
TISUP
CBOT
AEX
usda
cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats indoor soccer shoes adidas mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats adidas trainers hogan outlet online shop hjc modular helmet icon motorcycle boots adidas shoes sale air jordan basketball shoes red bottom shoes christian louboutin gaerne cycling shoes hjc motorcycle helmets hogan outlet icon motorcycle jacket macna cooling vest moncler jacket sale moose racing pants nike shoes online nolan motorcycle helmets