Резултати од откупот на суров тутун од реколта 2013 година

 tutun-2Согласно податоците на Министерството, откупот на суров тутун од производна реколта 2013 година е завршен.

Откупени се 31.227 тони суров тутун од страна на 10 регистрирани откупувачи, со просечна откупна цена од 152,18 ден./кг.

         

 Графикон 1. Откупени количини на суров тутун по години ( 2007 - 2013)

 ИзворМЗШВ

tutun graf.otk

        

 Податоците на реализираниот откуп на суров тутун по години покажуваат тренд на пораст,каде откупот во 2013 е зголемен за околу 52 % во споредба со реализираниот откуп во 2007 година.

Од вкупно откупените 31.227 тони на суров тутун од реколта 2013 година, 79,3 % или 24.785 тони отпаѓа на тип ,,Прилеп”, од тип  ,,Јака’’ откупени се 5.931 тони или 19 % , додека 510.6 тони или 1,7 % се откупени од тип ,,Басмак. Просечната откупна цена суров тутун од тип ,,Прилеп од реколта 2013 достигна 154,1 ден/кг, од тип ,,Јака’’ 140,77 ден/кг, додека за тип ,,Басмак просечната откупна цена достигна 191,45 ден /кг.

      Табела 1.  Откуп на суров тутун по типови

Извор: МЗШВ

Тип на тутун

Реализиран откуп (тони)

Просечна откупна цена (ден/кг)

Јака

5.931

140.77

Прилеп

24.785

154.1

Басмак

510.6

191.45