Пад на цените на житарките

berza Цената на житариците (пченицата и пченката ) на светските берзи бележат намалување во просек  од 0,4% до 5,2% споредбено  со минатата недела. На берзата во Нови Сад имаме намалување на цената на пченицата од 5,2 % додека кај пченката бележиме пад на цената од 3,93 % споредбено со минатата недела. Тренд на намалување  на цената кај пченицата од 0,46 % и на пченката од 0,87 % имаме и на берзата во Будимпешта. Слична е ситуацијата и  на северноамериканскиот континент. На берзата во Чикаго има пад од 1,83 % на цената на пченицата додека кај пченката има пад од 1,22 %.

Во табелата се дадени цени на пченицата и  пченката на светските берзи.

*Цените се изразени во денари за килограм

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

02-06 јуни

12.2

9.2

Париз (EURONEXT)

(futures) ноември

11.72

10.96

Чикаго - CME

10 јуни

10.1

7.99

Минеаполис-MGEX

10 јуни

11.52

7.6

Канзас - KCBT

10 јуни

12.14

/

Будимпешта - BSE

10 јуни

9.34

9.87

Франфурт

5 - јуни

11.1 - 11.35

/

Хрватска

Мај

11.6

јуни                  9.7

Хамбург

03 јуни

12.15

12

Велика Британија (LIFFE)

(futures) јули

10.884

/

Украина

Јуни

7.1 - 10.9

/

Болоња

29 мај

12.73 - 14.14

12.12 - 12.36

Македонија

Април

13.15

/