Цени на сезонско овошје

praski-2

Изминатата недела беше карактеристична со понуди на богат избор од сезонско овошје на зелените пазари. Најзастапени  беа праските , кајсиите и нектарините. Цената на нектарините се движеше од 30 до 60 (просечна 51,5) ден/кгр. и беше  нешто пониска за разлика од истиот период лани кога се продаваа во просек по 56,7 ден/кгр, што е намалување за 9,2 %.  Најзастапената просечна цена  на  праските на зелените пазарите изнесуваше 35,4 ден/кгр. и ,исто така, бележи намалување од 9% во споредба со лани, додека кајсиите се продаваа по цена од 75 ден/кгр. што споредено со истиот период лани е зголемување за 19 % и истите се продаваа по цена од 63 денари за килограм.

 

На зелените пазари се повеќе се зголемува и понудата на лубеници и дињи.  Цената на лубениците се движи од 25 до 50 ден/кгр. (во просек 40 ден/кгр.). Лани на пазарите на мало лубеницата се продаваше за 29,2 ден/кгр., што е зголемување за 37 %. Зголемување од 11,7 % бележиме и кај дињите. Лани истата се продаваше за 57,3 денари во просек, додека оваа година достигна цена од 64 ден/кгр.

 

Во табелата 1. е приказ на споредбени цени на сезонско овошје за втората половина на месец јуни во Р. Македонија и регионот, додека во графиконот 1. се прикажани споредбени цени за втората половна на месец јуни 2013 / 2014 година .

 

Табела 1: Цени на сезонско овошје -Р.Македонија и регион

 

Цени на зелени пазари ( втора половина на јуни)

Праски

Дињи

Лубеници

     Кајсии

Нектарини

Македонија

35.4

64

40

75

51.5

Србија

52.8

/

/

80

53

Црна Гора

77

92

50

93

123

Хрватска

128

93.5

70

150

145

*цените се изразени во денари за килограм

 

Графикон 1:

 

grafik praska