Промет и цена на берзите на житарките

 pcenica berziВо периодот на најинтензивните активности на жетвата на пченицата, пченката беше во центарот на тргувањето на берзата во Нови Сад. Вкупниот промет за минатата недела изнесуваше 1.725 тони на житарици, што е за 3.7 пати повеќе од минатата недела. Цената на новата пченица (реколта 2014 година) се движеше од 9.25 до 9.4 или просечно 9.25 денари за килограм што е пораст од 1. 47 % повисока од минатата недела.Жетвата на пченицата трае и резултатите се сеуште неизвесни во однос на приносот и квалитетот а со тоа и на цената на истата.Пченицата од родот 2013 година е во очекуван пад. Просечната цена на пченицата во моментот изнесува 10.55 денари за килограм и е за 5.59 % пониска од минатата недела.

Во табелата се дадени цени на пченицата и  пченката на светските берзи.

*Цените се изразени во денари за килограм

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

4- јули Реколта 2014

9.25

/

Србија  (Нови Сад)

4- јули-Реколта 2013

10.55

9.16

Париз (EURONEXT)

7-јули

11.38

10.54

Чикаго - CME

7-јули

9.47

7.45

Минеаполис-MGEX

7-јули

10.94

7

Канзас - KCBT

7-јули

11.62

/

Будимпешта - BSE

7-јули

9.15

8.88

Франфурт

5 - јуни

11.35

/

Хрватска

1-јули

8.5

9.9

Хамбург

03 јуни

12.15

12

Велика Британија (LIFFE)

7-јули

10.287

/

Украина

3- јули

7.05-10.5

7.9

Болоња

29 мај

12.73-14

12.36

Македонија

јуни

12.2

/