Фестивал за органска храна „Скопје 2014“

organska-2014

На 04.10.2014 година во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје,се одржа фестивал на органска храна „Скопје 2014“, на кој големиот број на посетители, а особено најмладите,  се запознаа со добар дел од широката палета на производи од органско потекло кои се произведуваат во нашата земја. На фестивалот се  претставија поголемиот дел од производителите на органска храна  а доминираа пчелните производи, леб и пецива, компири, овошје, а особено интерес привлекоа  сточарските производи – месо, сирење, кашкавал како и други специјалитети изготвени од сертифицирани органски производи.
Органските производи со цените беа достапни за сите купувачи. Органскиот мед се купуваше за 400 ден. за тегла, додека медот во саќе 450 ден. Матичниот млеч - 200 ден. за еден грам, прополис 30% - 25 милилитри од 100 до 120 денари, а поленот се продаваше од 1700 до 2200 ден/кгр. Од производите од растително потекло –кгр. органски пиперки се продаваа за 40 ден., аронија 200 ден/кг.,киви 60 ден/кг., бадем 500 ден/кг.,јапонско јаболко 50 ден/кг., органски компир од 30 до 50 ден/кг.,садници од аронија 200 денари за садник и садник киви  150 денари. Органски леб од 250 грама се продаваше за 49 ден., додека цената на органско брашно од јачмен, пченка , пченица и р’ж изнесуваше 40 ден. за половина килограм. Органскиот сок од аронија се продаваше за 800 ден/лит., органски јаболков оцет 100 ден. за 0,75л., органско вино 300 ден.за  0,75л. Од млечните производи, органско козјо сирење се нудеше по 300 ден/кг., козји кашкавал 350 ден/кг., а киселото млеко 50 денари за канче.

 *Изработи;ЗПИС