Сезонски зеленчук на пазарите на мало

povrce

Иако подготовките на традиционалните специјалитети од зимници е на при крај, на зелените  пазари ширум државата понудата и снабденоста е на завидно ниво. Кај некои видови на сезонски зеленчук, цените во октомври бележат пораст во однос на истиот период минатата година.

 Најголем пораст има кај доматите  (+36,5%), црвените пиперки  (+29,9%), морковите  (+12,4%), зелката (+10,8%), и гравот (9,5%), додека помал процент на пораст има кај брокулите (+4,2) и пиперките - бабури од скоро 1%.

 Позначајно намалување на цените има кај карфиолот (-30,7%), фефероните (-10,5%) и  кромидот (-12,6%), додека незначително намалување на цената бележиме кај корнишоните од (-0,5%) и кај цвеклото од (-1,2%).

 Во табела 1. се прикажани цените на зеленчукот во месец октомври 2013/2014 година на зелените пазари во Република Македонија.

Табела 1: Цени на зеленчук и  овошје на зелените пазари

 

Вид на зеленчук

Најзастапена просечна цена 2013

Најзастапена просечна цена 2014

Стапка на пораст и опаѓање      ( %) 2013/14

Моркови

32,84

36,9

+12,4

Карфиол

53,8

37,3

-30,7

Црвени пиперки

26,8

34,8

+29,9

Корнишони

39,8

39,6

-0,5

Феферони

41

36,7

-10,5

Зелка

17,15

19

+10,8

Цвекло

33,1

32,7

-1,2

Домати

33,11

45,2

+36,5

Кромид

30,2

26,4

-12,6

Грав

144,4

158,1

+9,5

Бабури

40,2

40,5

+0,7

Брокула

92,1

96

+4,2

*цените се изразени во ден/кгр.

Во табелата 2. се прикажани цените на зеленчукот во втората  половина на месец октомври 2014 година на зелените пазари во регионот.

Табела 2: Цени на зеленчук на зелените пазари во  регионот

 

Цени на зелени пазари ( прва половина на септември 2014)

Домат

Брокула

Зелка

Карфиол

Морков

Србија

62

78

15,4

51

31

Црна Гора

86,3

120

27,6

85

70,3

Хрватска

96

/

39

92

67

*цените се изразени во ден/кгр.

-изработи ЗПИС