Цена на семенска пченица и репроматеријали

repromaterial

Во изминатиот период,за разлика од минатата година,временските прилики беа погодни за благовремено извршување на есенските сеидбени активности.

 Во широката палета на репроматеријали наменети за есенска сеидба  достапна на земјоделците најзначајно место има семенската пченица која овој месец се продава од 22 до 30 ден./кг.,  (или во просек по 24,67 ден./кг.), додека во изминатиот месец (на почетокот на сеидбата ) по 28,5 ден./кг.или просечната цена од почетокот на сеидбата до сега изнесува 26,6 ден./кг. за разлика од лани кога цената на семенската пченица во овој период изнесуваше 23 ден./кг. што е зголемување за 15,7%.

 Минералното ѓубриво НПК 15:15:15 во просек се продава по 28 ден./кг., за разлика од истиот период лани кога се продаваше за 29 ден./кг., што пак е намалување на цената за 3,4%.

*изработи ЗПИС