Високи цени на јаткасто и цитрусно овошје

limonЈаткастото овошје и понатаму држи висока цена на пазарите на мало: лешникот достигна малопродажна цена од 1200 ден/кг, бадемот се продава во просек по 800 ден/кг додека оревот се нуди од 650 до 800 ден/кг или во просек по 767 ден/кг.

Поради недостаток на портокали и лимони во Турција и Грција, цитрусното овошје исто така бележи рекордно високи цени за овој период од годината, па така лимонот во просек се продава по 120 ден/кг додека портокалите достигнаа цена од 82 ден/кг. Во изминативе неколку недели цитрусното овошје доаѓа од Аргентина и Бразил кои се најголеми производители на лимон на светот па трошокот за транспорт ја зголемува и цената на ова овошје. Предвидувањата се дека високата цена ќе се задржи се до половината на месец октомври кога кога почнува бербата на цитрусите и кога се очекува цената да падне.

Во табелата 1, споредбено се прикажани - просечните најзастапени цени од пазарите на мало во Македонија и регионот за периодот од 10 до 16 септември 2015 година

Табела 1 

Вид на овошје

Македонија

Србија

Хрватска

Ц. Гора

Лимон

119

153,7

162,4

139,3

Портокал

82,1

92,2

104,1

119,5

Грејпфрут

100

/

114,2

112,6

Банана

53,2

61,5

88,1

69,3

Круша

53,8

51,2

92,6

90,9

Слива

25,7

35,8

54,4

50,7

Орев

767

614,9

/

730,1

Бадем

800

/

/

928,2

Лешник

1200

/

/

1392,3

  *цените се изразени во денари за килограм