Цени на земјоделски производи-Македонија и регион

 povrceВо  месец ноември, зелените пазари во Р. Македонија нудат  изобилство од сезонско овошје и зеленчук.  Доминира понудата на сите сорти на јаболки, јапонски јаболка, крушки, калинки како и цитрусни плодови. Споредено со истиот период лани намалување на цената имаме кај сите сорти на јаболки, крушите,и цитрусното овошје , освен кај мандарините, каде бележиме повисока цена за 6% споредено со лани. Драстично намалување бележиме кај сортата Црвен Делишес од -12,5 %, кај сите други сорти на јаболки има пад на цените кое се движи од -5,5% до -8,6 %.

Кај зеленчукот позначајно зголемување на цената, и тоа од 31,6 % има кај лукот, кај краставиците 20,9 %, благите пиперките 19,1 % и кај кромидот 7,7 %.Пад на цената имаме кај зелката од -8,2%, гравот од -7,3% , оризот -4,7% како и кај компирот од -2,7% споредоно со минатата година.

Во табелата 1, прикажани се просечните најзастапени цени на некои видови овошја за месец ноември споредбено 2014-2015, како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти.

Табела 1

Вид на овошје

Просечна цена- Ноември 2014

Просечна цена- Ноември 2015

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Јаболка-Ајдаред

27,8

25,4

- 8,6 %

Златен Делишес

30

27,7

- 7,7 %

Муцу

31,1

29,4

- 5,5 %

Црвен Делишес

30,5

26,7

- 12,5 %

Грени Смит

30,2

28,5

- 5,6 %

Јапонско јаболко

31,1

31,35

+0,8 %

Калинки

52

52,8

+ 1,5 %

Крушки

73,8

56,8

- 23 %

Банани

54,6

51,8

- 5,1 %

Лимони

65,4

65

- 0,6 %

Портокали

53,2

53

- 0,4 %

Мандарини

50,4

53,4

+ 6 %

*цените се изразени во денари за килограм

Во табелата 2, прикажани се просечните најзастапени цени на зеленчук во месец ноември споредбено 2014-2015 како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти.

Табела 2

Вид на Зеленчук

Просечна цена- Ноември 2014

Просечна цена- Ноември 2015

Стапка на пораст/ опаѓање

Домати

45,8

47

+2,6%

Краставици

53,6

64,8

+20,9%

Зелка

18

16,52

-8.2%

Компири

22,8

22,18

-2.7%

Кромид

26

28

+7,7 %

Морков

37

38

+2,7 %

Лук

152

200

+31,6%

Карфиол

39

42,85

+10%

Брокула

94,1

91,6

-2,7%

Ориз

80,8

77

-4,7%

Пипер

36,3

43,24

+19,1%

Цвекло

31,5

33,9

+7,6%

Грав

152,4

141,28

-7,3%

*цените се изразени во денари за килограм

Во табелата 3 прикажани се  просечните цени на некои видови овошја и зеленчук на зелените пазари во регионот.

Табела 3

Овошје и зеленчук

Србија

Хрватска

Ц.Гора

Банани

60,9

88,3

68,2

Портокали

76,2

97,1

81

Крушка

40,6

107,1

92,7

Јаболки-Ајдаред

25,4

53,6

50,9

Златен Делишес

25,4

58,9

55,3

Грени Смит

30,4

60,1

52,2

Лимони

76,2

135,8

101,3

Домати

40,6

99,3

74,3

Краставици

50,8

84,6

58,3

Зелка

25,4

44,8

16,8

Компири

20,3

33,2

30,1

Кромид

25,4

56,5

53,4

Морков

25,4

71,3

61,4

Лук

204

306,8

237,6

Пиперки

60,9

98,2

67

*цените се изразени во денари за килограм