Резултати од откупот на суров тутун реколта 2015 година

tutunСогласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупот на суров тутун од производна реколта 2015 година е завршен. Откупени се вкупно 18.910,31 тони суров тутун од страна на 10 регистрирани откупувачи, со просечна откупна цена од 184,5 ден./кг, која е за 57,4 % повисока во споредба со реколта 2014 година, кога просечната откупна цена изнесуваше 117,2 ден./кг.  Од вкупно откупените 18.910,31тони на суров тутун, 88,22 % или 16.683,8 тони се од типот ,,Прилеп- со постигната просечна откупна цена од 184,56 ден./кг, од типот  ,,Јака’’ откупени се 2.149,93 тони или 11,37 % со просечна откупна цена од 183,77 ден./кг, додека 76,58 тони или 0,41 % се откупени од тип ,,Басмак  чија  просечна откупна цена достигна 190,51 ден /кг.

 Табела 1.  Откуп на суров тутун по типови

Тип на тутун

Реализиран откуп (тони) 2015 год

Просечна откупна цена

(ден/кг) 2014 година

Просечна откупна цена

(ден/кг) 2015 година

Тренд на пораст 2014 / 2015

Јака

2.149,93

100,88

183,77

+ 82.2%

Прилеп

16.683,8

119,65

184,56

+54.2%

Басмак

76,58

183,79

190,51

+3.7%

Вкупно

18.910,31

117,2

184,5

+57.4%

*Извор: МЗШВ,ЗПИС