Споредбени цени на земјоделски производи на зелените пазари (прва половина на август)

There are no translations available.

zelencuk 2015Поради топлото време во изминатиот период, на зелените пазари  порано од вообичаеното имаме богата понуда на  сливи и трпезно грозје. Во  првата половина на месец август,  важно е да се напомене високата цена на лимонот споредбено со истиот период лани за скоро 18 %, што се должи на намалената понуда на пазарот (во овој период цитрусното овошје доаѓа од Аргентина а со самото тоа зголемени се трошоците за транспорт). Големата понуда пак ја намали цената на црното трпезно грозје за 18 % како и цената на смоквата  која споредено со лани на пазарите се продава поевтино за 52 % .Во наредниот период, поради се поголемата понуда се очекува цената на смоквите и натаму да се намалува и  во просек да се движи од  20 до 25 денари за килограм.

Кај зеленчукот на зелените пазари по минатонеделното благо зголемување на цената на доматот и пиперките, цените се стабилизираа и сега доматот во просек се нуди од 30 до 50 денари за килограм,(зависно од сортата). Споредено со лани бележиме зголемување за скоро 53 % што се должи на недостаток на домат на пазарот. Позначајно зголемување на цената имаме и кај  благите пиперките за 12 %. Забележителен пад на цената имаме кај краставиците од -31%, морковот од -19% како и кај  оризот од 11% споредено со минатата година.

Во табелата 1, прикажани се просечните најзастапени цени на некои видови овошја за првата половина на месец август споредбено 2015-2016, како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти.

Табела 1 

Вид на овошје

Просечна цена- август-2015

Просечна цена- август-2016

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Лимон

135

159

+17,8 %

Праска

29,6

30

+1,4 %

Нектарина

42,5

45,7

+7,5 %

Слива

32

30,8

- 3,8 %

Црно грозје

41,4

34

- 17,9 %

Бело грозје

52

35

- 32,7 %

Капини

100

106,6

+ 6,6 %↑

Крушки

64

73,3

+ 14,5 %↑

Малини

200

145

- 27,5 %

Диња

24,7

25,7

+ 4 %↑

Лубеница

10,3

10,4

+ 1 %↑

Смоква

70

33

- 52,9 %

*цените се изразени во денари за килограм

Во табелата 2, прикажани се просечните најзастапени цени на зеленчук за првата половина на месец август  2015-2016 како  и стапката на пораст и опаѓање изразена во  проценти.

Табела 2

Вид на Зеленчук

Просечна цена- август-2015

Просечна цена- август-2016

Стапка на пораст/ опаѓање

Домати

27,1

41,4

+52,8% ↑

Краставици

45,5

31,4

-31%↓

Зелка

16,3

19

+16,6 % ↑

Компири

21

22,1

+5,2 % ↑

Кромид

25,8

27,9

+8,1 % ↑

Морков

45,6

37,1

-18,6%↓

Лук

194,1

174

-10,4%↓

Модар патлиџан

37,7

37,5

-0,5%↓

Ориз

78,9

70

-11,3%↓

Пипер

37

41,5

+12% ↑

Цвекло

37,1

30

-19%↓

Грав

140

140

0,0%→

*цените се изразени во денари за килограм

Изработил:

Горан Димовски -Советник во ЗПИС