Oткупот на суров тутун реколта 2016 година

tutun-2Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупот на суров тутун од  реколтата 2016 година е завршен. Од страна на откупувачите, откупени се вкупно 25 167,950 тони суров тутун, со просечна откупна цена од 196,83 ден./кг, која е за 6,3 % повисока во споредба со реколта 2015 година, кога просечната откупна цена изнесуваше 184,5 ден./кг.

Од вкупно откупените 25 167,950 тони на суров тутун, 88,80 % или 22 348,406 тони се од типот ,,Прилеп- со постигната просечна откупна цена од 196,64 ден./кг, од типот  ,,Јака’’ откупени се 749,402 тона или 10,92 % со просечна откупна цена од 198,5 ден./кг, од типот ,,Басмаксе откупени 56,422 тони или 0,22 %  чија  просечна откупна цена достигна 214,19ден /кг. Оваа година имаше откуп и на типот тутун ,,Вирџинија’’кој се откупуваше по просечна цена од 99,43 ден./кг а беа откупени 13,72 тони.

Табела 1.  Откуп на суров тутун по типови

*Извор: ДИЗ, МЗШВ, ЗПИС

 

Тип на тутун

 

Реализиран откуп (тони) 2016 год

Просечна откупна цена

(ден/кг) 2015 година

Просечна откупна цена

(ден/кг) 2016 година

Тренд на пораст 2015 / 2016

Јака

749,402

183,77

198,5

+7.4%

Прилеп

22 348,406

184,56

196,64

+6,1%

Басмак

56,422

190,51

214,19

+11,1%

Вирџинија

13,64

/

99,43

/

Вкупно

25 167,950

184,5

196,83

+6,3%