Цени на сезонско овошје

praski-2Релативно поволните временски услови (топлото време) во изминатиот период придонесоа  за порано зреење на одредени видови сезонско овошје, што пак се карактеризираше со богата понуда на овошје на зелените пазари, особено изминатата недела.

Најзастапени беа праските, кајсиите и црешите а се повеќе се зголемува и понудата на  лубеници и дињи.

Цената на кајсиите се движеше од 35 до 100 (просечна 76,7) ден/кгр и беше  пониска за скоро 21% за разлика од истиот период лани кога се продаваа во просек по 97 ден/кгр. Намалување од 12,2% споредено со лани бележиме и кај црешите кои се продаваа во просек по 80 ден/кгр. Црешите најевтино се нудеа на Бит пазар во Скопје од 40-50 ден/кгр, додека цена од 120 ден/кгр достигнаа на пазарот во Охрид.

Најзастапената просечна цена  на  праските на зелените пазарите изнесуваше 45 ден/кгр. што пак е зголемување од скоро 8% во споредба со лани кога се нудеа по 41,7 ден/кгр.

Јагодите на зелените пазарите се продаваа од 50 до 120 ден./кгр или во просек 82 ден./кгр. додека пак цената на лубениците се движеше од 30 до 60 ден/кгр. (во просек 45 ден/кгр.). Лани на пазарите на мало лубеницата се продаваше за 41,25 ден/кгр., што е зголемување за 9,1 %  за оваа година.

Во табелата се прикажани на споредбени цени на сезонско овошје за првата половина на месец јуни 2016 / 2017 година  на зелените пазари во Р. Македонија

Вид на овошје

Просечна цена- прва половина  на јуни 2016

Просечна цена- прва половина  на јуни 2017

Стапка на пораст / опаѓање  (%)

Праски

41.7

45

+7.9 %

Кајсии

97

76.7

- 20.9 %

Цреши

91.1

80

- 12.2 %

Јагоди

89.6

82

- 8.5 %

Лубеница

41.25

45

+9.1 %

Диња

65

55

- 15.4 %

Цените се изразени во денари за килограм

Изработил:Горан Димовски -Советник во ЗПИС