Споредба на берзанската цена на меркантилна пченица во период на жетва -2017

pcenica10Берзанската цена на меркантилната пченица на Новосадската берза и берзата во Будимпешта, имаат големо влијание врз откупната цена на пченичното зрно како во регионот така  и во нашата земја. Во таа насока од големо значење е следењето на берзанската цена на овие берзи.

Цената на меркантилна пченица од новата реколта (2017) на берзата во Нови Сад бележи тренд на зголемување во изминативе три седмици. Пченицата на ден (19 јули) се продаваше по цена од 9,03 денари за килограм додека на ден (24 јули) цената достигна 9,17 денари за килограм  без ДДВ што е зголемување за 1,6 %.

Зголемување на  просечната цена на пченицата од 0,8 % споредено со минатата недела имаме и на берзата во Будимпешта.

Тренд на намалување од -1,87 % споредено со изминатата недела имаме во Хрватска каде откупната цена падна на  8,7 денари за килограм за разлика од периодот од (10 до 16 јули) кога се откупуваше по 8,9 денари за килограм.

Споредба на берзанската цена на меркантилна пченица во период на жетва -2017

berza 2017

* Цените се изразени во денари за килограм

Просечни откупни цени  на пченица во ЕУ -10-16 јули 2017

Пченица

Цена-евро/тон

Цена -ден/кг

*Белгија

182

11,19

*Бугарија

145

8,91

*Чешка

165,04

10,14

*Германија

170,43

10,48

*Шпанија

178,08

10,95

*Хрватска

143,08

8,8

*Унгарија

139,2

8,56

*Италија

174,26

10,71

*Романија

140,31

8,63

*Словенија

163,72

10,06

*Словачка

159,57

9,81

Цената на пченицата за секоја земја претставува просек од цените на различни места на откупување

*Извор:Управен комитет за житни култури, (Европска Комисија),