Споредба на цена на меркантилна пченица- септември 2017

berza grafik 2017Оваа година како кај нас така и во нашето опкружување е изразито нискиот принос кај скоро сите земјоделски култури. Ако се земат во предвид ниските приноси кај житарките, логично би било и повисока цена на истите како би се покриле трошоците за производство. Секако на движење на цената на пченицата, лимитирачки фактори се цените во соседството (Србија, Унгарија, Хрватска) како и на светските берзи.

На берзата во Нови Сад, цената се движеше од 9,09 до 9,35 ден/кг без ДДВ. Неделниот пондер беше за 1,20% повисок споредено со минатата недела. Цената на пченицата на 05 септември 2017 изнесува  9,34 денари за килограм без ДДВ. Исто така  важно е да се напомене добриот квалитет на лебното зрно.

Во Хрватска, откупната цена на пченицата изминатата недела се движеше од 8,63 до 9,4 денари за килограм, зависно од класата на пченицата. Просечната откупна цена за периодот од 01 до 07 септември  2017 изнесуваше  9,2 ден.

На берзата Euronext цената на пченицата на ден 12 септември за термин декември  2017 изнесува 9,76 ден/кг.

Според извештајот на Унгарската - AKI, откупната цена на пченицата во Унгарија за крајот на август  2017 изнесуваше  8,52 ден.

Просечната откупна цена на меркантилна пченицата во Македонија  за месец септември изнесува  9,29 денари за килограм.

 

Берза

Цена на пченица

берзи 04 август 2017     

Цена на пченица

берзи 11 септември  2017

 

Период

Без ДДВ

Период

Без ДДВ

Србија  (Нови Сад)

реколта

2017

04 август

2017

8,95

реколта

2017

05 септември

2017

9,34

Чикаго

Futures-септември

2017

8,61

септември

2017

7,9

Будимпешта

28 јули

2017

8,55

25 август

2017

8,52

Париз (Euronext)

Futures-

септември 2017

9,97

Futures-

декември 2017

 9,76

Франкфурт

03 август

2017

9,6

05 септември

2017

9,72

Хрватска

25-31 јули 2017

8,67

04 септември 2017

9,2

Велика Британија (LIFFE)

Futures-ноември 2017

9,67

Futures-ноември 2017

9,31

 

 

* Цените се изразени во денари за килограм

 

*FUTURES-  е стандардизиран договор за временска испорака на производи од берзата.Согласно договорот продавачот има обврска во рамките на договорениот термин во иднина да го ипорача тргуваниот материјал (земјоделските производи,робата, хартии од вредност и др.) по однапред договорена фјучерс цена.Обврската на купувачот во договорот е да во предвидениот рок и по неговото доспевање во иднина на продавачот му исплати вредност на основниот тргуван материјал по договорената фјучерс цена

 

 

Просечни откупни цени  на пченица во ЕУ -21-27 август 2017

Пченица

 

Цена-евро/тон

 

Цена -ден/кг

*Белгија

 

169

 

10,39

*Бугарија

 

140,3

 

8,63

*Чешка

 

148,88

 

9,16

*Германија

 

157,14

 

9,66

*Шпанија

 

180,33

 

11,09

*Хрватска

 

148,48

 

9,13

*Унгарија

 

141,58

 

8,7

*Италија

 

170,23

 

10,47

*Романија

 

143,22

 

8,81

*Словенија

 

173,04

 

10,64

*Словачка

 

147,97

 

9,1

Македонија

 

151,05

 

9,29

Цената на пченицата за секоја земја претставува просек од цените на различни места на откупување *Извор:Управен комитет за житни култури, (Европска Комисија), 

 

*Изработил :Горан Димовски Советник за ЗПИС