Пад на цената на пченицата на светските берзи

berza

  Во изминатиот период  на берзите во ЕУ имаше  колебање на цените на пченицата како  резултат на што во  единаесетата недела од 2012 година се  забележа благ пад. Според берзанските гласила  падот на цената на пченицата   најмногу се  должи на одлуката на Русија да не го ограничува повеќе извозот на житарки. Пад на цената за околу 3 проценти се бележи и на берзата во Нови Сад.

Во истиот  берзански период (futures) цената на пченката (испорака со одложена достава) бележи благ пад.  Во изминатиот месец просечната цена на пченка во земјите на ЕУ изнесуваше 11,6 денари за килограм.

 

Во табелата се дадени цените за пченица и пченка на светските берзи и во регионот.

 

Берза Период Пченица Пченка
Нови Сад 16 март  13,01 - 13,2 ден / кг  11,11 - 11,17 ден / кг
Чикаго  (futures) мај  10,93 ден / кг 11,757 ден / кг
Будимпешта  (futures) мај  11,377 ден / кг 10,93 ден / кг
Париз-Euronext  (futures) мај  13,01 ден / кг 13,131 ден / кг
Франција - MATIF  (futures) мај  12,788 ден / кг /
Британија - LIFFE 21 март 12,62ден / кг /
Хрватска 15 март 12,028 ден / кг 10,48 ден / кг