Повисоки цени на свинското месо во регионот и кај нас

    piertenВо изминатата недела на добиточните пазари низ  републикава,  просечната цена на гоениците од 90 до 110 килограми изнесуваше 113 денари за килограм жива мера што е за 7,6 проценти повисока за разлика од неделата пред неа, кога истите се продаваа за 105 денари / кг. жива мера. Просечната цена на прасињата до 20 килограми изнесуваше 157 денари за килограм жива мера и исто така бележи зголемување за 7,5 проценти. Прасињата од 20 до 35 килограми се продаваа за 130 денари/килограм жива мера.

Во соседна Србија цената на прасињата до 15 килограми  телесна тежина изнесуваше 132,6 денари за килограм, додека прасињата од 15 до 25 килограми се продаваа за 122 денари за килограм жива мера.  Товните свињи со тежина од 80 до 120 килограми можеа да се купат за 80 до 127 денари за килограм. Цената на свињите над 120 килограми се движеше околу 95 денари за килограм.  На пазарот во Хрватска во првата недела од октомври просечната цена на  килограм жива мера за  гоеница изнесуваше 104 денари што претставува највисока цена во изминативе десетина години. Зголемување се забележува и кај прасињата кои се продаваа за 130 денари / килограм жива мера.

 Во ЕУ исто така бележиме зголемување на цента на свинските трупови од Е - класата. Просечната цена за изминатава недела изнесуваше 189,58 евра / на 100 килограми. Најголемо зголемување на цената на свинските трупови имаше во Италија каде цената достигна 217,32 евра за 100 килограми. Цената на прасињата до 28 килограми во Германија се движеше од 48 до 63 евра за грло, во Холандија просечната цена изнесуваше 38 евра за грло со тежина до 23 килограми а пак во Белгија цената достигна 30 евра за грло за прасиња со тежина до 20 килограми.

Според информациите од теренот цената на свинското месо  и во наредниот период ќе бележи зголемување.