Цени на јаткасто овошје

  jatkiСо наближување на божиќните празници се зголемува побарувачката на јаткастото овошје. Најбарани се костените, кај кои цената на пазарите на мало се движи од 110 до 150 денари. Најзастапена просечна цена на костените за оваа недела на пазарите во Македонија  е  128 денари за килограм што е за 15 % повисока во однос на истиот период лани,  кога се продаваа по 109 денари за килограм..

Побарувачка и на оревите во лушпа е зголемена,  кои на пазарите на големо се продаваат за 80 денари за килограм,  додека на пазарите на мало најзастапена цена е 130 денари за килограм. Чистените ореви  се продаваат  по цена од 450 денари за килограм, додека цената на  чистените лешници изнесува 510 денари за килограм .

Во регионот цената на чистените ореви се движи од 440 денари за килограм во Србија, 560 денари во Црна Гора,  додека во  Косово се продаваат по цена од 540 денари за килограм.