Органско производство

    organska Република Македонија располага со природни ресурси кои овозможуваат развој на органското производство како еколошки систем на управување со производството.

Органското производство обезбедува одржување и подобрување на животната средина и на здравјето на луѓето, а истовремено овозможува поголем економски просперитет на регионите во кои се практикува. Како дел од одржливото земјоделство, органското производство користи методи и постапки на работа кои ја оптимализираат продуктивноста на земјиштето, а истовремено го минимизираат штетното влијание врз почвата, водата, воздухот и здравјето, како на производителите така и на потрошувачите.

Производството на органската храна е по природен пат, без употреба на пестициди, вештачки ѓубриња, хормони за раст, конзерванси, вештачки адитиви, вештачки бои и ГМО (генетски модифицирани организми).

Во изминатите неколку години, благодарение пред се на повисоката финансиската поддршка на државата, капацитетите под органското земјоделство повеќекратно се зголемени. Продажбата на органски производи главно се одвива директно на фармите, но радува фактот што во изминатите  години некои органски производи се достапни на потрошувачите во големите маркети.Органските производи како производи со додадена вредност на безбедност и квалитет се продаваат по цени повисоки од конвенционалните производи како следува:

            Производ                      Цена       
 Органска пченица  100 ден. / кг.
 Органска р'ж  100 ден. / кг.
 Бадеми  695 ден. / кг.
 Ореви - чистени  630 ден. / кг.
 Ореви - во лушпа  465 ден. / кг.
 Органска шира  105 ден. / 750 мл. 
 Козјо сирење  440 ден. / кг.
 Козји кашкавал  750 ден. / кг.