Заштитени ознаки за квалитет на земјоделски и прехранбени производи

kvaliteПроизводителите на земјоделски и прехрамбени производи од Република Македонија се повеќе се соочуваат со се поголемиот притисок на конкуренција како на домашниот пазар така и на пазарите во регионот и Европската Унија.

Во следниот период, македонскиот земјоделско-прехрамбен сектор и релевантните институции, по своите перформанси, организација и развој треба значително да се приближат кон нивото определено со стандардите дефинирани во регулативите од Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на Европската Унија (Common Agricultural Policy-CAP).

Следејќи ги националните интереси, реалните состојби и потребите во секторот, релевантните институции во процесите на прилагодување ќе ја имаат во превид и потребата за ублажување на негативните ефекти со кои ќе се соочи дел од земјоделското и рурално население во текот на интезивниот процес на прилагодување кон сложените европски стандарди.

Според  законската регулатива во Република Македонија дефинирани се следниве заштитени ознаки[1] за квалитет на земјоделски и прехрамбени производи:

  • „Заштитена ознака за потекло‘‘  - ЗОП
  • „Заштитена географска ознака‘‘ - ЗГО
  • „Гарантиран традиционален специјалитет“ - ГТС

Заштитени ознаки не претставуваат гаранција само за квалитетот, туку и за автентичноста на производот, а тоа значи дека купувачите можат да бидат сигурни дека нема да добијат производ со фалсификат назив.

Заштитена ознака за потекло (ЗОП)

zop„Заштитена ознака за потекло‘‘ означува име на регион, специфично место или во исклучителни случаи име на држава, кое се користи за означување на земјоделски или прехранбен производ:

-          кој потекнува (произлегува) од тој регион, специфично место или држава,

-          квалитетот или карактеристиките се должат претежно или исклучително на географската средина, вклучувајќи ги и природниот и човечкиот фактор, и

-          производството, преработката и подготовката се извршуваат во определениот регион.

Заштитена географска ознака (ЗГО)

zgo„Заштитена географска ознака‘‘ означува име на регион, одредено (специфично) место или во исклучителни случаи име на држава, кое се користи за означување на земјоделски или прехранбен производ:

-          кој произлегува (потекнува) од тој регион, специфично место или држава; и

-          располага со специфичен квалитет, углед или други својства, карактеристични за тоа географско потекло; и

-          производството и/или преработката, и/или подготвувањето се вршат во определениот географски регион.

Гарантиран традиционален специјалитет (ГТС)

gts„Ознака за гарантиран традиционален специјалитет“ означува име на земјоделски или прехранбен производ за чие производство е употребена традиционална суровина  или има традиционален состав или е произведен на традиционален начин на производство и/или преработка.

„Специфичен карактер‘‘означува својство или збир на својства по кои земјоделскиот или прехранбениот производ јасно се разликува од другите на него слични прехранбени или други производи од иста категорија.

„Традиционален” означува дека производот е со  докажана употреба на пазарот и покажува пренесување од генерација на генерација низ временски период од 25 години и повеќе, што одговара на една човечка генерација.