Цени на зелка кај нас и во регионот

cabbage_premiumlatedutchflat_organic Во изминатиот месец пазарите на мало во Македонија изобилуваа  со добра понуда на  зеленчук, особено  зелка, чија цена во периодот од  28 април до 5 мај се движеше од 20 до 40 ден./ кг зелка. На пазарите во регионот за истиот период цената на зелката беше следна: Во Србија  44,8 ден./кг, во Хрватска 58,65 ден./кг и во Црна Гора таа изнесуваше 54,04 ден./кг.

 

Што се однесува до просечната цена на зелката за април 2013 таа изнесуваше 17,08 денари за килограм на пазарите на големо , а 23,22 денари за килограм на зелените пазари. Споредено со истиот период лани април 2012 состојбата е следна:

 

Држава

 

Април големопродажна

Април

малопродажна

2012

2013

2012

2013 

Македонија

14,5

17,08

24,6

23,22

Србија

18,58

16,08

24,3

21,52

Хрватска

22,06

28,33

49,05

52,33

*Цените се изразени во денари за килограм