Пчеларство

    pcelВо периодот мај - јуни е најинтензивната испаша на пчелите на повеќе растенија од кои како позначајни се багремите, липите, ливадските детелини, капините итн.  Релативно ниските температури во периодот пред почетокот на цветањето влијаеше да се направи поголема разлика во цветањето на различни терени. Една од најважните работи во месец јуни во пчеларството е цедењето на медот, одржување на пчелната заедница, спречување на природното роење, формирање на нуклеуси и производство на матици како  и производство на восок. Во јуни ливадските билки обично силно замедуваат па затоа пчеларот е должен да обезбеди доволен простор во медиштето. Во изминатиот период пазарната цена на медот се движи од 220 до 280 денари за килограм, пчелиниот восокот  250 денари за килограм додека цената на пчеларската опрема е следна:

Рамка 30 денари за парче,

Сандак – Дадан-Блат 3.500 денари,

Сандак – Лангстрот  3.500 денари,

Рачна центрифуга 13.900 ден.

Електрична центрифуга 32.000 ден.

Дималки 750-850 ден.

Пчеларско одело 1.000 ден.