Фестивал на органска храна

  festivalhrana11Фестивалот на органска храна се организира трета година по ред со цел граѓаните да се запознаат со органската храна и што значи таа како дел од здравиот начин на живот, како и да се промовира органското земјоделство како важен и перспективен дел на одржливото производство и значењето на користењето органски производи за заштитата на биодиверзитетот, унапредувањето на здравјето на сите живи организми.

 

Органското производство во Македонија е регулирано со Законот за органско земјоделско производство (Сл. Весник бр. 16 од 2004 година) и истото има за цел одгледување на животните на начин најблизок до нивното природно однесување, одгледување на растенија без употреба на вештачки ѓубрива, пестициди, хормони за раст, генетски модифицирани организми (GMO), преработка на суровините во прехранбени продукти без конзерванси, адитиви и вештачки бои како и заштита на животната средина и зачувување на биолошката разновидност во природата.

 

На фестивалот се претставија 15-ина македонски производители на органска храна и други органски производи. Посетителите имаа  можност да дегустираат и купат  производи од изложувачите, производители на органска храна, чии цени се движеа:

-       Органски мед - 250 ден/кгр., органски јаболков оцет - 100 ден/лтр., органски сок од аронија, боровинки - 250 ден. за пола литар, додека зрнест органски леб се продаваше  50 денари за парче.