Цена на праски и кајсии

  praski-2Неделата што измина на зелените пазари понуди богат избор на сезонско овошје.

Најзастапени  беа праските и кајсиите, а можеше да се забележи понуда на нектарини  кај кои цената се движеше од 65 до 80 денари за килограм и беше  нешто повисока за разлика од истиот период лани кога се продаваа за 50 до 55 денари за килограм, што е зголемување за 18,2 проценти.

 Минатата недела, најзастапена просечна цена  на  праските на зелените пазарите изнесуваше  50,7 денари за килограм.

Кајсиите  се продаваа по цена од 65 до 75 денари за килограм.

 

Табела 1: Цени на сезонско овошје –Р.Македонија и регион

*цените се изразени во денари за килограм

tab-praska1