Цени на лубеници и дињи

 lubenicaСовремените агротехнички мерки допринесоа за пораностасност на сезонските овошја. Зелените пазари нудат богат избор на сезонско овошје а за овој период најкарактеристични се лубениците и дињите. Неделава просечната најзастапена цена на лубениците се движи од 7 денари на пазарите на големо  до 12 денари за килограм на пазарите на мало. Истиот период  лани,  на пазарите на големо лубеницата се продаваше за 13,3 денари за килограм што е намалување  за 47,4 проценти споредено со оваа година. Намалување од 32,2 проценти бележиме и на пазарите на мало каде лани лубеницата се продаваше за 17,7 денари.

Во табелата се дадени споредбени цени  на лубеници и дињи за оваа недела во Републикава и регионот.

Табела 1: Цени на сезонско овошје –Р.Македонија и регион

 

Лубеници

Дињи

На големо

На мало

На големо

На мало

Македонија

7

12

20

25

Србија

16

26,6

21,2

37

Хрватска

33,6

55

70,5

100

*цените се изразени во денари за килограм