Higher prices for vegetables
Potatoes, onions, rice and cabbage, на зелените пазари во почетокот на месец јули, бележат најголем пораст на најзастапените просечни цени споредено со истиот месец минатата година. Најголемо зголемување од 100 % проценти има кај компирот, кој минатата година во овој период се продаваше за 17,5 ден/кгр, додека годинава се продава за 35 ден/кгр. Зголемување на цената за 90,7 % бележиме и кај кромидот. Лани во месец јули најзастапената просечна цена изнесуваше 18,2 ден/кгр., додека годинава се продава за 34,7 ден/кгр. Оризот, кој сега се продава по просечна цена од 65,6 ден/кгр., лани се продаваше за 59,5 ден/кгр., што претставува пораст за 10,3 %.
И зелката, која во истиот период лани се продаваше за 20,7 ден/кгр. а годинава се продава по просечна цена од 23,3 ден/кгр има зголемување за 12,6 %.
Од позначајните производи, кои и најмногу се застапени во овој период, намалување на цената бележиме кај доматите. Најзастапена просечна цена за јули 2012 година изнесуваше 33,5 ден/кгр. додека оваа година таа изнесува 29,2 ден/кгр. Цената на пиперките и оваа година во овој период останува непроменета и се движи околу 30 денари за килограм.