Повисоки цени кај зеленчукот

 potato 1Компирот, кромидот, оризот  како и зелката,  на зелените пазари во почетокот на месец јули, бележат најголем пораст на најзастапените просечни цени споредено со истиот месец минатата година. Најголемо зголемување од 100 % проценти има кај компирот, кој минатата година во овој период се продаваше за 17,5 ден/кгр, додека годинава се продава за 35 ден/кгр. Зголемување на цената за 90,7 % бележиме и кај кромидот. Лани во месец јули најзастапената просечна цена изнесуваше 18,2 ден/кгр.,  додека годинава се продава за 34,7 ден/кгр.  Оризот, кој сега се продава по просечна цена од 65,6 ден/кгр., лани се продаваше за 59,5 ден/кгр., што претставува пораст за 10,3 %.

И зелката, која во истиот период  лани се продаваше за 20,7 ден/кгр. а годинава се продава по просечна цена од 23,3 ден/кгр има зголемување за 12,6 %.

 

Од позначајните производи, кои и најмногу се застапени во овој период, намалување на цената бележиме кај доматите. Најзастапена просечна цена за јули 2012 година изнесуваше 33,5 ден/кгр. додека оваа година таа изнесува 29,2 ден/кгр. Цената на пиперките и оваа година во овој период останува  непроменета и се движи околу  30 денари за килограм.