Цена на трпезно грозје

  grozje-black-whiteВо најголемиот лозарски регион во Македонија, Тиквешкиот, во полн ек е бербата на трпезните сорти на грозје. Заради поволната клима македонското трпезно грозје има висок квалитет . Асортиманот на сортите на трпезно грозје вклучува неколку сорти,  од многу рани, до многу доцни . Од трпезните сорти  на пазарите доминираат: Афус-Али, Кардинал, Блек Меџик потоа Мускат Италија, Мускат Хамбург,  Викторија, Мишел Палиери, Рибиер и Молдавија.

Цената на црното грозје  на пазарите на мало во првата недела од месец август бележи намалување за 10 проценти споредено со истиот период лани.  Најзастапената просечна цена изнесуваше 36,5 денари, во споредба со лани кога цената  беше 40,6 денари. Белото трпезно грозје   се продаваше за 38,7 денари во просек,  за разлика од лани кога цената изнесуваше 36 денари за килограм што е пак зголемување за  7,2 проценти. На пазарите на големонајзастапена просечна  цена  на црното грозје изнесуваше 30 денари , додека белото се продаваше за 35 денари за килограм.