Денови на медот

 pceli-medОд 26 до 28 септември на Улица Македонија  ќе се одржи деветтата по ред манифестација  “Денови на македонскиот мед” на која посетителите можат да дегустираат и купат мед, кој годинава се продава по цени почнувајќи од 280 денари по тегла, додека медот во саќе се нуди по цена од 350 ден./кгр. Цената за килограм полен изнесува 1500 денари, восокот се продава за 500 ден/кгр., прополисот за 2500 ден/кгр. а еден грам матичен млеч чини 150 денари и истите претставуваат богата ризница на лековити и хранливи состојки.

Радува податокот дека денеска во Република Македонија има преку 100. 000 пчелни семејства,  додека во 2006 година бројот на пчелни семејства изнесуваше 57. 000.