Резултати од откупот на суров тутун од реколта 2013 година
Согласно податоците на Министерството, откупот на суров тутун од производна реколта 2013 година е завршен.
Откупени се 31.227 тони суров тутун од страна на 10 регистрирани откупувачи, со просечна откупна цена од 152,18 ден./кг.
Графикон 1. Откупени количини на суров тутун по години ( 2007 - 2013)
Извор: МЗШВ
Податоците на реализираниот откуп на суров тутун по години покажуваат тренд на пораст,каде откупот во 2013 е зголемен за околу 52 % во споредба со реализираниот откуп во 2007 година.
Од вкупно откупените 31.227 тони на суров тутун од реколта 2013 година, 79,3 % или 24.785 тони отпаѓа на тип ,,Прилеп”, од тип ,,Јака’’ откупени се 5.931 тони или 19 % , додека 510.6 тони или 1,7 % се откупени од тип ,,Басмак”. Просечната откупна цена суров тутун од тип ,,Прилеп” од реколта 2013 достигна 154,1 ден/кг, од тип ,,Јака’’ 140,77 ден/кг, додека за тип ,,Басмак” просечната откупна цена достигна 191,45 ден /кг.
Табела 1. Откуп на суров тутун по типови
Извор: МЗШВ
Тип на тутун |
Реализиран откуп (тони) |
Просечна откупна цена (ден/кг) |
Јака |
5.931 |
140.77 |
Прилеп |
24.785 |
154.1 |
Басмак |
510.6 |
191.45 |