Споредбени цени на житарките
Цената на житарките kaj повеќето од берзите е во пораст. Од почетокот на жетвата, на берзата во Нови Сад вредноста на пченицата се движеше од 8,88 до 9,4 денари за килограм. Минатата недела цената скоро го достигна максимумот во овој период од 9,39 денари за килограм пченица што е за 6,4% повисока во однос на минатата недела.
Во Република Македонија, изминатиот месец (август), просечната откупна цена на меркантилна пченица изнесуваше 10,44 денари за килограм што е намалување на цената за 2,8 % во однос на месец јули кога просечната откупна цена на меркантилна пченица достигна 10,74 денари за килограм.
Во табелата 1. се дадени споредбени цени на пченицата од берзите:
Берза |
Период |
Пченица |
Период |
Пченица |
Србија (Нови Сад) |
август |
9.12 |
12 септември |
9.39 |
Париз (EURONEXT) |
август |
10.747 |
futures ноември |
9.978 |
Чикаго - CME |
август |
9.33 |
futures ноември |
8.8 |
Минеаполис-MGEX |
август |
10.14 |
/ |
/ |
Канзас - KCBT |
август |
10.86 |
/ |
/ |
Будимпешта - BSE |
август |
9.253 |
futures декември |
9.732 |
Франфурт |
26 јули |
10.27 |
септември |
10.27 |
Хрватска |
август |
9.24 |
септември |
9.6 |
Хамбург |
futures септември 2014 |
11.4 |
futures ноември 2014 |
11.25 |
Велика Британија (LIFFE) |
futures ноември 2014 |
9.77 |
futures ноември 2014 |
8.727 |
Македонија |
јули 2014 |
10.74 |
август 2014 |
10.44 |
*цените се изразени во денари за килограм
Цената на пченката во Србија (на берзата во Нови Сад од минатиот род 2013 година ) и понатаму котира релативно добро на берзата. Цената изнесува 8.2 денари за килограм без ДДВ што е пораст од 3.04% споредено со минатата недела
Во табелата 2. се дадени споредбени цени на пченката од берзите:
Берза |
Период |
Пченка |
Период |
Пченка |
Србија (Нови Сад) |
Август |
7.9 |
12 септември |
8.2 |
Париз (EURONEXT) |
Август |
9.47 |
(futures) ноември |
8.53 |
Чикаго - CME |
Август |
6.45 |
(futures) декември |
6.22 |
Минеаполис-MGEX |
Август |
6.1 |
(futures) декември |
5.92 |
Будимпешта - BSE |
Август |
7.753 |
(futures) ноември |
7.38 |
Хрватска |
Август |
9.1 |
септември |
9.18 |
Хамбург |
Август |
/ |
септември |
12.5 |
Болоња |
Август |
/ |
септември |
11.337 |
*цените се изразени во денари за килограм