Цени на зеленчук на пазарите на мало
Побарувачката на зеленчукот за подготовка на зимници во овој период на годината е зголемена, а со тоа и понудата и снабденоста на зелените пазари е на завидно ниво. Цените на земјоделските производи во првата половина на месец септември кај некои видови зеленчук бележат пораст во однос на истиот период минатата година.
Најголем пораст има кај доматите од (+26%), оризот (+18,2%), црвените пиперки од (+10,9%) и гравот од (9,2%), додека помал процент на пораст има кај морковите од (+6%) и фефероните од (+8,3%).
Позабележително намалување на цените има кај пиперките (-10,7%), компирите (-18,2%), кромидот (-17,6%) како и кај карфиолот од (-11,7%) додека незначително намалување на цената бележиме кај зелката од (-1,1%), корнишоните од (-1,7%) и кај краставиците од (-3,6%).
Во табела 1. се прикажани цените на зеленчукот во првата половина на месец септември 2013/ 2014 година на зелените пазари во Р. Македонија
Табела 1: Цени на зеленчук и овошје на зелените пазари
Вид на зеленчук |
Најзастапена просечна цена 2013 |
Најзастапена просечна цена 2014 |
Стапка на пораст и опаѓање ( %) 2013/14 |
Моркови |
33.5 |
35.5 |
+6.0 |
Карфиол |
47.8 |
42.2 |
-11.7 |
Црвенипиперки |
26.7 |
29.6 |
+10.9 |
Корнишони |
29.6 |
29.1 |
-1.7 |
Феферони |
30.3 |
32.8 |
+8.3 |
Зелка |
18.7 |
18.5 |
-1.1 |
Ориз |
69.8 |
82.5 |
+18.2 |
Домати |
28.1 |
35.4 |
+26.0 |
Компири |
28.6 |
23.4 |
-18.2 |
Пиперки |
32.8 |
29.3 |
-10.7 |
Кромид |
30.6 |
25.2 |
-17.6 |
Краставици |
30.3 |
29.2 |
-3.6 |
Грав |
141.7 |
154.7 |
+9.2 |
Графикон 1. Споредбени цени на зеленчукот од пазарите на мало во првата половина на месец септември во: 2012, 2013 / 2014 година.
*цените се изразени во ден/кгр.
Во табелата 2. се прикажани цените на зеленчукот во првата половина на месец септември 2014 година на зелените пазари во регионот,.
Табела 2: Цени на зеленчук на зелените пазари во регионот
Цени на зелени пазари ( прва половина на септември 2014) |
|||||
Домати |
Пиперки |
Зелка |
Карфиол |
Моркови |
|
Србија |
52 |
36,5 |
15,6 |
50 |
26 |
Црна Гора |
67 |
65 |
25 |
100 |
60 |
Хрватска |
71 |
72 |
39 |
88,5 |
69 |
*цените се изразени во ден/кгр.
*Изработи: ЗПИС