Резултати од откупот на суров тутун реколта 2014 година
Согласно податоците на Министерството, откупот на суров тутун од производна реколта 2014 година е завршен. Откупени се вкупно 24.857,54 тони суров тутун од страна на 9 регистрирани откупувачи, со просечна откупна цена од 117,2 ден./кг.
Графикон 1. Откупени количини на суров тутун по години ( 2007 - 2014)
Извор: МЗШВ
Од вкупно откупените 24.857,54 тони на суров тутун од реколта 2014 година, 84,3 % или 20.964,65 тони се од типот ,,Прилеп” со просечна откупна цена од 119,65 ден./кг, од типот ,,Јака’’ откупени се 3.745,7 тони или 15,1 % со просечна откупна цена од 100,88 ден./кг , додека 147,2 тони или 0,6 % се откупени од тип ,,Басмак” чија просечна откупна цена достигна 183,79 ден /кг.
Табела 1. Откуп на суров тутун по типови
Извор: МЗШВ
Тип на тутун |
Реализиран откуп (тони) |
Просечна откупна цена (ден/кг) |
Јака |
3.745,7 |
100,88 |
Прилеп |
20.964,65 |
119,65 |
Басмак |
147,2 |
183,79 |