Повисоки цени на зеленчукот
Последица на дождот и поплавите се повисоки цени кај зеленчукот на зелените пазари, кои во споредба со истиот период лани бележат зголемување од 99% кај зелената салата до 2,8% кај краставицата. Драстичен пораст на цената од 75% има и кај пролетната зелка која оваа недела во просек се продава по 38 ден./кг, за разлика од истиот период лани кога цената во просек изнаесуваше 22 ден./кг. Намалување на цената од 19,8% има единствено кај стариот компир.
* Во табелата се дадени споредбени цени како и тренд на пораст и опаѓање изразен во проценти, за зеленчук на пазарите на мало за период- 17 недела 2014 година - 17 недела 2015 година.
Зеленчук на пазарите на мало |
17 недела 2014 год. |
17 недела 2015 год. |
Стапка на пораст/ опаѓање |
Пипер-благ |
126.5 |
153 |
20.9% ↑ |
Домат |
90.7 |
108.1 |
19.2% ↑ |
Зелена салата |
13.8 |
27.5 |
99.3% ↑ |
Зелка - пролетна |
22 |
38.3 |
74.1% ↑ |
Компир |
27.6 |
22.14 |
-19.80% |
Компир-млад |
45 |
67.5 |
50 % ↑ |
Краставица |
52.8 |
54.3 |
2.8% ↑ |
Лук -млад парче |
3.1 |
3.2 |
3.2% ↑ |
Морков |
40.9 |
55 |
34.5% ↑ |
Спанаќ |
30.3 |
40 |
32% ↑ |
Кромид- млад-парче |
3.1 |
2.96 |
-4.50% |
*цените зе изразени во денари
На пазарот на големо (кванташкиот пазар во Скопје) цените на зеленчукот во моментов се следни: благиот пипер се продава во просек по 120-130 ден./кг, доматот 90-100 ден./кг, пролетна зелка од 30-33 ден./кг, гравот од увоз 90-100 ден./кг, домашниот грав 135-140 ден./кг, зелената салата 10-15 ден./парче, младиот компир 45-55 ден./кг, краставицата 35-40 ден./кг, морковот 40-45 ден./кг и спанаќот од 20 до 25 ден./кг.