Comparable purchase prices of milk
Карактеристика на изминатите години во млекопроизводството е континуираниот пораст на откупната цена на кравјото млеко од екстра класа и кравјото млеко од прва класа, како и пад на цената на кравјото млеко од втора класа, што влијаеше позитивно во стимулирање на млекопроизводителите за производство на поквалитетно кравјо млеко.
Од споредбата на откупните цени на сурово кравјо млеко од екстра класа во месец април 2012 година, кога во просекоткупната цена изнесуваше 19,5 ден/лит, оваа година таа ја достигна вредноста од 21 ден/лит што е пораст од +7,7 %.
Повисока откупна цена од 1,6 % бележиме и кај кравјото млеко од прва класа. Во 2012 год се откупуваше по цена од 18,92 ден/лит додека оваа година таа достигна 19,23 ден/лит.
Спротивно на ова кравјото млекото од втора класа бележи пад на откупната цена. Ако во 2012 година цената беше 18,67 ден/лит, оваа година се откупуваше по 18 ден/лит што претставува пад на цената за 3,6 %.
Просечната откупна цена на овчкото млеко во април 2015 год. достигна 35 ден/лит и е повисока за 17,6 % во однос на 2012 год, кога цена на овчкото млеко изнесуваше 29,75 ден/лит, но во исто време е и пад на цената од 2% споредено со април 2014 кога се откупуваше во просек по 35,71 ден/л.
Благо зголемување на откупната цена од 2,7% има кај козјото млеко, кое во изминатиот месец се откупуваше во просек по 19,25 ден/лит, додека во 2012 година цената изнесуваше 18,75 ден/лит. Споредено пак, со истиот месец лани бележиме пораст на откупната цена од 5% кога козјото млеко ја достигна најниската откупна цена во изминатите четири години од 18,34 ден/лит.
*Во табелата прикажан е споредбен приказ на движењето на просечните откупни цени на млеко во април 2012 - 2015 година, како и стапката на пораст и опаѓање на цените.
Table 1.
Fresh milk |
Purchase price in April 2012 |
Purchase price in April2013 |
Purchase price in April 2014 |
Purchase price in April 2015 |
Rate of increase / decrease 2015/2012 |
Cow's milk extra class |
19.5 |
22.5 |
22.33 |
21 |
+7,7% |
Cow's milk I class |
18.92 |
19.38 |
19.96 |
19.23 |
+1,6% |
Cow's milk II class |
18.67 |
17 |
18 |
18 |
-3,6% |
Goat milk |
18.75 |
18.5 |
18.34 |
19.25 |
+2,7% |
Sheep milk |
29.75 |
34.43 |
35.71 |
35 |
+17,6% |
* prices are expressed in den. / l