Agricultural
Market
Information
System

Prices

МакедонскиEnglish
Are you satisfied with the AMIS web page?
  • Livestock and meat prices
  • Fruit and vegetables prices
  • Animal feed and grains prices
  • Tobacco and oil crops prices
  • Grapes and wine prices
  • Milk , milk products and eggs prices
  • Agricultural inputs prices
  • Sugar and honey prices

Цена на пченица и пченка –регион , ЕУ и светски берзи

There are no translations available.

pcenica10 Зголемувањето и намалувањето  на цените  на житарките и нивниот ефект врз економијата и секојневното живеење резултира со заинтересираност  на широката јавност,  што ќе се случува во наредниот период  на пазарот со житарки како  на  светските  така  и на регионалните берзи. Најприфатлива метода која се користи за предвидување на пазарните случувања е методата на техничка анализа. Тоа е метода која овозможува сценарија за идните настани врз основа на настаните од минатото. Поради тоа неопходно е  да се идентификуваат условите на пазарот, кои се најмногу слични на оние во минатото и кои се моментално  актуелни па врз  основа на тоа да  се изведе заклучок.

Со оглед на сеопфатниот пристап кон пазарот, неопходно  е да се погледне назад во блиското минато, како и претходната  2015 година. Добрите  приноси од пченицата и пченката во  примарниот сектор на земјоделството во светот во 2015 година, доведоа до значителни нарушувања во билансот првенствено со пченица, а во помала мера и со пченката  и сојата. Овие случувања доведоа до тоа да  цената на пченицата на берзата во Чикаго во јули минатата година се движеше  околу 176 до 190  $ по тон, пченка во септември од околу 146 до 150 $ по тон, што е далеку помала споредена со изминатите години.

Битно е да се напомене и дека кризата што ја зафати Украина сигурно ќе влијае и оваа година на светскиот пазар со житарки. Украина како втор најголем извозник на пченка и шести  извозник на пченица во светот, битно ќе влијае на цената на житарките на светско ниво.

Прогнозите за наредниот период за понатамошниот развој на посевите можат да ги пореметат и проценките  за појавата на болести кои во изминативе години се се позачестени како во регионот така и на светско ниво (појавата на пепелница, сива пегавост ,  лисна р'ѓа, афлатоксините).

Во соседството, (Србија) во изминатата година,  забележа многу добри резултати во приносот на житарките (особено кај пченката) и  не само што целосно ги задоволи потребите на домашната побарувачка, туку се отвори добра можност за извоз. Прогнозите за оваа година  се дека жетвата ќе биде подобра од минатата година или во најлош случај слична како минатата 2015.

За целите на нашата анализа на пазарот и оценката за  понатамошен развој на пазарот, во оваа економска година, мора да  ги земеме  во предвид пазарните услови, како во светот, регионот а особено  на нашиот пазар. По правило ценовните пикови се случуваат во почетокот и  средината на жетвата , додека пак во овој период силосите пробуваат да ослободат повеќе  место за новата реколта, па забрзано се чистат залихите. Она што не би требало да се доведе во прашање е фактот  дека во оваа година се до почетокот на жетвата би требало да имаме релативно стабилна цена на житарките без поголеми флуктуации.

Цена на житарки берзи 22 март 2016

Берза

Период

Пченица

Пченка

Србија  (Нови Сад)

04 март 2016

7.9

7.72

Чикаго

futures-мај 2016

9.47

8.04

Минеаполис-MGEX

futures-мај 2016

8.33

7.47

Будимпешта

futures-мај 2016

8.46

8.5

Париз (Euronext)

futures-мај 2016

9.6

9.47

Франфурт

17 март 2016

8.8

9.99

Хрватска

14-20 март 2016

8.82

8.33

Велика Британија (LIFFE)

futures-мај 2016

8.18

/

* Цените се изразени во денари за килограм

Просечни откупни цени на пченица во ЕУ и Македонија 14-20 март 2016

Пченица

Цена-евро/тон

Цена -ден/кг

*Белгија

152.00

9.35

*Бугарија

139.88

8.60

*Чешка

145.19

8.93

*Германија

143.14

8.80

*Шпанија

168.49

10.36

*Франција

142.07

8.74

*Хрватска

146.53

9.01

*Италија

157.84

9.71

*Летонија

133.41

8.20

*Австрија

149.00

9.16

*Полска

151.32

9.31

*Романија

154.00

9.47

*Словенија

165.57

10.18

*Словачка

146.40

9.00

*Финска

137.00

8.43

*Велика Британија

150.24

9.24

*** Македонија

162.00

10.00

*Цената на пченицата за секоја земја претставува просек од цените на различни места на откупување

*Извор:Управен комитет за житни култури, (Европска Комисија), 

*** Извор:ЗПИС

Изработил:Горан Димовски-Советник во ЗПИС

Links
mzsv
Ипард
STIPS
AMISCG
TISUP
CBOT
AEX
usda
cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats indoor soccer shoes adidas mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats adidas trainers hogan outlet online shop hjc modular helmet icon motorcycle boots adidas shoes sale air jordan basketball shoes red bottom shoes christian louboutin gaerne cycling shoes hjc motorcycle helmets hogan outlet icon motorcycle jacket macna cooling vest moncler jacket sale moose racing pants nike shoes online nolan motorcycle helmets