Земјоделски
Пазарен
Информативен
Систем

Цени

МакедонскиEnglish
  • Цени на жив добиток и месо
  • Цени на овошје и зеленчук
  • Цени на добиточна храна и житарки
  • Цени на тутун и маслодајни култури
  • Цени на сорти грозје и вино
  • Цени на млеко и млечни производи и јајца
  • Цени на земјоделски внесови
  • Цени на шеќер и мед

Денови на медот

med 2012

Почнувајќи од денес 22 септември па се до 25 септември на Улица Македонија  се одржува манифестацијата “Денови на македонскиот мед организирано од пчеларското здружение „Матица".

 Фестивалот на медот се одржува дванаесета година по ред. На штандови се изложени пчелни производи од пчелари од цела Македонија, а посетителите ќе можат да дегустираат мед и да се информираат за пчелните производи како здрава храна.Во Македонија се произведува квалитетен мед, но во последните години поради неповолните климатски услови, намален број медоносни растенија и слабо селење на пчеларниците за време на паша, намален е и приносот на медот кој се добива од едно пчелно семејство.

Според државниот завод за статистика просечно од едно пчелно семејство во последните години во Македонија се добиваат помеѓу 9 до 17 килограми мед или по години:

Во 2011 година просечен принос изнесуваше 17 килограми, во 2012 година -11 килограми, 2013 година -12 килограми, 2014 година -10 килограми, 2015 година -9 килограми,

Оваа година според пчеларите е една од најслабите во принос на мед па затоа Федерацијата на пчелари   прогласува елементарна непогода во пчеларството за 2016 година.

Според статистиката во Македонија и покрај тоа што потрошувачката последните години се зголемува на годишно ниво се троши само 2,6 килограми мед по домаќинство а причината за слабата потрошувачка според пчеларите е што кај нас медот се користи како лек, додека во другите земји тој се користи како храна.

Голем број на одгледувачи на пчели и производители на пчелни производи од сите региони на државата и оваа година нудат богата понуда на разни вкусови на мед, полен, прополис и други производи од мед. Истите велат дека во Македонија се произведува квалитетен мед а оваа година неговата цена изнесува 350 денари за тегла ливадски мед и од 350 до 500 денари за шумски мед, ,,пониска цена од таа е неисплатлива''- велат пчеларите.

Инаку медот во саќе се продава  по цена од 350-500 ден./кг  а органскиот мед се нуди по 450 ден./тегла. Цената за килограм полен се движи од 1.300 до 1.500 денари и може да се купи и во помали пакувања.Сто грама перга се продава по цена од 1000 денари. Восокот се продава од 450 до 500 ден/кг., прополисот за 2.800 до 3.000 ден/кг. а еден грам матичен млеч чини од 150 до 200 денари.

*Изработил:

Горан Димовски советник за ЗПИС

Линкови
mzsv
Ипард
STIPS
AMISCG
TISUP
CBOT
AEX
usda
cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats indoor soccer shoes adidas mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats cheap soccer cleats cheap soccer shoes soccer shoes near me mercurial soccer cleats nike mercurial superfly adidas soccer shoes kids soccer cleats adidas trainers hogan outlet online shop hjc modular helmet icon motorcycle boots adidas shoes sale air jordan basketball shoes red bottom shoes christian louboutin gaerne cycling shoes hjc motorcycle helmets hogan outlet icon motorcycle jacket macna cooling vest moncler jacket sale moose racing pants nike shoes online nolan motorcycle helmets