Oткупот на суров тутун реколта 2016 година
Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупот на суров тутун од реколтата 2016 година е завршен. Од страна на откупувачите, откупени се вкупно 25 167,950 тони суров тутун, со просечна откупна цена од 196,83 ден./кг, која е за 6,3 % повисока во споредба со реколта 2015 година, кога просечната откупна цена изнесуваше 184,5 ден./кг.
Од вкупно откупените 25 167,950 тони на суров тутун, 88,80 % или 22 348,406 тони се од типот ,,Прилеп” - со постигната просечна откупна цена од 196,64 ден./кг, од типот ,,Јака’’ откупени се 2 749,402 тона или 10,92 % со просечна откупна цена од 198,5 ден./кг, од типот ,,Басмак” се откупени 56,422 тони или 0,22 % чија просечна откупна цена достигна 214,19ден /кг. Оваа година имаше откуп и на типот тутун ,,Вирџинија’’кој се откупуваше по просечна цена од 99,43 ден./кг а беа откупени 13,72 тони.
Табела 1. Откуп на суров тутун по типови
*Извор: ДИЗ, МЗШВ, ЗПИС
Тип на тутун |
Реализиран откуп (тони) 2016 год |
Просечна откупна цена (ден/кг) 2015 година |
Просечна откупна цена (ден/кг) 2016 година |
Тренд на пораст 2015 / 2016 |
Јака |
2 749,402 |
183,77 |
198,5 |
+7.4% |
Прилеп |
22 348,406 |
184,56 |
196,64 |
+6,1% |
Басмак |
56,422 |
190,51 |
214,19 |
+11,1% |
Вирџинија |
13,64 |
/ |
99,43 |
/ |
Вкупно |
25 167,950 |
184,5 |
196,83 |
+6,3% |