Анкета-Каде се снабдувате со овошје и зеленчук?
Во разговор со продавачите на зелените пазари дознаваме дека прометот на зелените пазарите споредено со минатите години е со намален интензитет. Ова се должи на се поголемата понуда на овошје и зеленчук во поголемите трговски маркети кои полека го преземаат приматот на продажбата на земјоделските производи, како и на зачестената навика на потрошувачите да се снабдуваат со свежи земјоделски производи од истите.
Во маркетите најчесто пазарат помладите потрошувачи, додека постарите и натаму практикуваат пазарење од зелените пазари. Причина за намалениот промет, според мислењето на продавачите е што вработените немаат доволно време да ги посетуваат пазарите и тезгите, ( во супермаркетите работното време е подолго како и дека во маркетот освен зеленчук и овошје има други производи кои се потребни на купувачите-и тие се на едно место).
Поради овие причини, одделението за ЗПИС направи анкета на потрошувачите, за тоа каде се снабдуваат со земјодески производи, каде има поквалитетен избор на намирници, и каде е поевтино и побезбедно овошјето и зеленчукот.
На прашањето ,,Каде практикувате да се снабдите со зеленчук и овошје’’-
20 % одговорија дека подеднакво се снабдуваат со земјоделски производи и од маркетите и од пазарите
40% од анкетираните одговорија на зелените пазари додека,
40 % со овошје и зеленчук се снабдуваат во маркетите .
На прашањето ,,Зошто го избравте зелениот пазар’’
20% одговорија дека е поевтино
30% поквалитетни земјоделски производи
50% можноста на едно место да се снабдат со зеленчук и овошје.
На прашањето ,,Зошто го избравте маркетот’’
20% одговорија дека причина е работното време и неможноста да посетат зелен пазар
25% изборот го направиле поради можноста сами да си ги одберат земјоделските производи
55% поради можноста на едно место да се снабдат со сите потребни намирници.
На последното прашање ,,Каде повеќе верувате во безбедноста на земјоделските производи’’
5% од анкетираните одговорија дека во исправноста и безбедноста на земјоделските производи повеќе веруваат на зелените пазари
40% во маркетите додека,
55% не веруваат дека купуваат безбедни производи ниту во маркетите ниту на пазарите.
Изработил: Горан Димовски- Советник за ЗПИС
*Препишување, копирање, дистрибуција и размена на податоците без одобрување на ЗПИС, претставува повреда на авторските права и се казнува со закон