Цена на пченица берзи –ЕУ, регион
Неделата што помина на берзата во Нови Сад имаше раст на сите примарни земјоделски производи. Од почетокот на жетвата, цената на пченицата има тренд на пораст, додека по стабилниот период и стабилната цена, оваа недела бележиме пораст на цената и кај пченката.
Времето на жетвата, проценките на приносот како и залихите влијаеа на порастот на цената на пченицата. На почетокот на жетвата лебното зрно се нудеше по 8,2 денари без ДДВ додека изминатата недела достигна 8,95 денари за килограм. Просечната цена изнесуваше 8.64 денари или (9.49 денари за кг со ДДВ) што е раст за 2,57% споредено со последниот податок од предходната недела. Последната пондер цена на 06-07-2017 година на берзата во Нови Сад изнесува 8,95 денари без ДДВ.
Пченката исто така бележи раст од 4,38 % во однос на минатата недела. Килограм се нудеше по 8.55 денари или (9.4 денари со ДДВ).Последна регистрирана цена изнесува 8,8 денари или (9.7 денари со ДДВ) што покажува дека ценовниот раст е уште поизразен.
Пондер цената на сточниот јачмен е поголема за 2,59% а сите договори беа реализирани по единствена цена од 7.68 денари или (8.45 денари со ДДВ).
Извор: берза-Нови Сад
Споредбени цени на квалитетна пченица и пченка на берзите за 03 јули-10 јули 2017 година
Цена на пченица берзи јули 2017 |
Цена на пченка берзи јули 2017 |
|||
Берза |
Период |
Пченица Без ДДВ |
Период |
ПченкаБез ДДВ |
Србија (Нови Сад) |
реколта 2017 06 јули 2017 |
8,95 |
реколта 2016 6 јули 2017 |
8,8 |
Чикаго |
Futures-јули 2017 |
9,11 |
Futures-јули 2017 |
7,65 |
Будимпешта |
/ |
/ |
Futures-јули 2017 |
8,63 |
Париз (Euronext) |
Futures-септември 2017 |
11,17 |
Futures- август 2017 |
10,66 |
Франкфурт |
22 јуни 2017 |
10,4 |
22 јуни 2017 |
10,95 |
Хрватска |
25-30 јуни 2017 |
7,88 |
18 мај 2017 |
8,46 |
Велика Британија (LIFFE) |
Futures-ноември 2017 |
10,63 |
/ |
/ |
* Цените се изразени во денари за килограм