Споредба на цена на меркантилна пченица- септември 2017
Оваа година како кај нас така и во нашето опкружување е изразито нискиот принос кај скоро сите земјоделски култури. Ако се земат во предвид ниските приноси кај житарките, логично би било и повисока цена на истите како би се покриле трошоците за производство. Секако на движење на цената на пченицата, лимитирачки фактори се цените во соседството (Србија, Унгарија, Хрватска) како и на светските берзи.
На берзата во Нови Сад, цената се движеше од 9,09 до 9,35 ден/кг без ДДВ. Неделниот пондер беше за 1,20% повисок споредено со минатата недела. Цената на пченицата на 05 септември 2017 изнесува 9,34 денари за килограм без ДДВ. Исто така важно е да се напомене добриот квалитет на лебното зрно.
Во Хрватска, откупната цена на пченицата изминатата недела се движеше од 8,63 до 9,4 денари за килограм, зависно од класата на пченицата. Просечната откупна цена за периодот од 01 до 07 септември 2017 изнесуваше 9,2 ден.
На берзата Euronext цената на пченицата на ден 12 септември за термин декември 2017 изнесува 9,76 ден/кг.
Според извештајот на Унгарската - AKI, откупната цена на пченицата во Унгарија за крајот на август 2017 изнесуваше 8,52 ден.
Просечната откупна цена на меркантилна пченицата во Македонија за месец септември изнесува 9,29 денари за килограм.
Берза |
Цена на пченица берзи 04 август 2017 |
Цена на пченица берзи 11 септември 2017 |
||
Период |
Без ДДВ |
Период |
Без ДДВ |
|
Србија (Нови Сад) |
реколта 2017 04 август 2017 |
8,95 |
реколта 2017 05 септември 2017 |
9,34 |
Чикаго |
Futures-септември 2017 |
8,61 |
септември 2017 |
7,9 |
Будимпешта |
28 јули 2017 |
8,55 |
25 август 2017 |
8,52 |
Париз (Euronext) |
Futures- септември 2017 |
9,97 |
Futures- декември 2017 |
9,76 |
Франкфурт |
03 август 2017 |
9,6 |
05 септември 2017 |
9,72 |
Хрватска |
25-31 јули 2017 |
8,67 |
04 септември 2017 |
9,2 |
Велика Британија (LIFFE) |
Futures-ноември 2017 |
9,67 |
Futures-ноември 2017 |
9,31 |
* Цените се изразени во денари за килограм
*FUTURES- е стандардизиран договор за временска испорака на производи од берзата.Согласно договорот продавачот има обврска во рамките на договорениот термин во иднина да го ипорача тргуваниот материјал (земјоделските производи,робата, хартии од вредност и др.) по однапред договорена фјучерс цена.Обврската на купувачот во договорот е да во предвидениот рок и по неговото доспевање во иднина на продавачот му исплати вредност на основниот тргуван материјал по договорената фјучерс цена.
Просечни откупни цени на пченица во ЕУ -21-27 август 2017
Пченица |
Цена-евро/тон |
Цена -ден/кг |
||
*Белгија |
169 |
10,39 |
||
*Бугарија |
140,3 |
8,63 |
||
*Чешка |
148,88 |
9,16 |
||
*Германија |
157,14 |
9,66 |
||
*Шпанија |
180,33 |
11,09 |
||
*Хрватска |
148,48 |
9,13 |
||
*Унгарија |
141,58 |
8,7 |
||
*Италија |
170,23 |
10,47 |
||
*Романија |
143,22 |
8,81 |
||
*Словенија |
173,04 |
10,64 |
||
*Словачка |
147,97 |
9,1 |
||
Македонија |
151,05 |
9,29 |
Цената на пченицата за секоја земја претставува просек од цените на различни места на откупување *Извор:Управен комитет за житни култури, (Европска Комисија),
*Изработил :Горан Димовски Советник за ЗПИС